Како што денеска официјално објави СВР Охрид, тројца фудбалери и еден член на управата на ФК Гостивар добиваат кривични пријави за инцидентот на дуелот против Струга Трим Лум.
Кривичната пријава гласи на тема спречување и напад врз полициски службеници за време на службена интервенција, а инцидентот датира од 19. април.
Кривични пријави добиваат осомничените А.А. (31) од Германија, А.Д. (25) од Сенегал, Ш.Т. (25) од Турција и Е.Д. (28) од Гостивар — со физичка сила, влечење и оттурнување, се обиделе да ги спречат полицајците во интервенција поврзана со тепачка и нарушување на јавниот ред и мир.
Стефан Димоски, портпаролот на СВР Охрид, официјално сподели дека сите четворица се соочуваат со пријави за кривични дела „спречување на службено лице во вршење службено дејствие“ и „напад на службено лице при вршење работи на безбедноста“. Лицата биле приведени веднаш по натпреварот.
Како што е познато, ФК Гостивар и официјално се повлече од овогодинешниот ПМФЛ шампионат.