Легендата на Лејкерси обвинет за сексуален напад врз девојче од 15 години: “Мислев дека има 18!“

214

Бајрон Скот (64) беше дел од еден од најдобрите состави во историјата на НБА, и тоа во ЛА Лејкерси во времето на златните денови на “езерџиите“ заедно со Меџик, Џабар, Ворти…

Играше и за други екипи а сега се соочува со крајно непријатна ситуација. Имено настанот се случил во 1987 година, а дури сега има поднесено тужба против него. Тој се обвинува за сексуален напад врз девојче во еден камп кога тоа имало само 15 години, а Скот мислел дека има 18 години.

Навистина неверојатно, но такви се законите во развиените земји, нема застарување на случаеви и се одговора и после 38 години.

Неговиот адвокатски тим признава дека Скот имал однос со таа женска особа, но и дека мислел дека девојчето има 18 години а не 15.

ПретходноПолувреме на “Меаца“: Лаутаро и Чалханоглу “тресат“ за водство на Интер од 2:0! (ВИДЕО)
СледноНестварна понуда од С. Арабија: Ал-Хилал му нуди на Бруно 76 милиони евра годишно!