Се чини дека и дефинитивно Саудиска Арабија како да има желба да го уништи фудбалот. Како може поинаку да се сфати најновата “бомба“ од Саудиска Арабија која ја пренесуваат светските медиуми со чудење. Имено Ал – Хилал му нуди на капитенот на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш неверојатни 76 милиони евра годишно.
Јасно е дека оваа понуда е вредно да се разгледа, ама по се изгледа Португалецот тешко дека ќе ја прифати, барем засега.
Бруно има договор со Манчестер Јунајтед до 2027 година. Сепак останува да се види каков потег ќе направи тој, а и неговиот сегашен клуб.