Пелистер има двајца странци на негова позиција, па реши да гради кариера во Австрија

317

Павле Петровиќ во следната сезона ќе го носи дресот на австрискиот клуб Линк Аг. Десниот бек на актуелниот македонски првак, Пелистер е најавен како солидно засилување. Петровиќ во првиот тим на Пелистер дојде во 2020 година и тоа од редовите на вториот битолски состав. Раководството на Пелистер го потпиша Анжеј Видомски на десната бековска позиција, а нов договор има и Усама Хосни, што значи дека за Петровиќ шансите да игра станаа мали или непостоечки.

„Решив да се приклучам на Линц бидејќи верувам дека тоа ќе биде одличен потег во мојата кариера. Го гледам клубот како средина каде што можам да се развивам уште повеќе како играч.“

Амбициите се огромни и се совпаѓаат со моите идеи. Ќе се обидам да помогнам за добри резултати и поголеми успеси, а се надевам дека и јас ќе го исполнам мојот целосен потенцијал“, рече Павле Петровиќ.

ПретходноВМФЛ: “Лавовите“ на гости во Неготино, Арсими сака победа и во Велес
СледноАЕК ќе го пречека Алкалоид пред 8.000 фанови, атмосфера која на Лазаров му е добро позната