Пешевски: Знаеме што одигра Естонија, Литванците нема што да бараат пред полни трибини во Скопје!

132

Две победи ја делат македонската ракометна репрезентација од пласман на Европското првенство 2026 година. Селекторот, Кирил Лазаров и неговите избраници на 8 мај и гостуваат на Естонија, додека три дена на домашен терен ја пречекуваат Литванија. Токму последниот дуел ќе биде клучен за заверка на билетот за ново големо натпреварување.

Еден од најискусните во редовите на националниот тим, Жарко Пешевски е свесен дека целата нација очекува победи на двата меча. Пикерот на Пелистер вели дека одат чекор по чекор, но испрати важна порака: Литванија пред полни трибини во Скопје нема што да бара.

ПретходноФлик: Дали треба да вршам притисок врз играчите?
СледноМега пресметка во Милано: Интер или Барса – кој ќе оди во Минхен? (ФОТО)