Полувреме на “Меаца“: Лаутаро и Чалханоглу “тресат“ за водство на Интер од 2:0! (ВИДЕО)

45

Заврши првото полувреме од реванш мечот од 1/2 финалето во ЛШ меѓу Интер и Барселона. Интер пред своите фанови има убедливо водство од 2:0. Прво Лаутаро во 21.минута на додавање на Дамфрис, тресеше за 1:0. Во завршницата од првиот дел Кубарси стартуваше врз Лаутаро, ВАР се огласи, судијата Марчињак дополнително гледаше и покажа на белата точка. Одговорноста ја презема Чалханоглу и погоди за 2:0 или за вкупни 5:3.

Интер е пред пласман во финалето, но сега на потег е Барса.

ПретходноГолманот на Брера успешно опериран во Италија! (ФОТО)
СледноЛегендата на Лејкерси обвинет за сексуален напад врз девојче од 15 години: “Мислев дека има 18!“