На стартот на новото 31. ПМФЛ коло во домашниот фудбалски шампионат екипите на Вардар и Струга Трим Лум на полувреме играат без голови, 0:0.
Домаќинот Вардар игра во комбиниран состав, со Велковски на голот, Цикарски, Шаркоски,, Мециновиќ, додека пак гостите се во најсилниот состав.
Ова инаку се двата финалисти во финалето од националниот куп кое што се игра на 21. мај во Скопје.
Мечот минува без стопроцентна шанса до овој момент.