Поранешниот светски првак со репрезентацијата на Аргентина од Мундијалот во 1978. година, Луис Галван почина на 77. годишна возраст. Поранешниот дефанзивец бил член најмногу на тимот на Талерес Де Кордоба, а бил дел и од Мундијалот во Шпанија во 1982.
Јавноста во Аргентина откри дека Галван неколку недели бил во клиниката „Реина Фабиола“ во Кордоба со пневмонија.
„Федерацијата и целото нејзино раководство изразуваат искрено сочувство до неговото семејство и пријателите во овој болен момент“, се вели во соопштението на Аргентинската фудбалска федерација.