Славје во Градски парк: По пауза од седум години Работнички и официјално ќе игра во Европа!

341

Ремито на ФФМ меѓу Вардар и Струга ТЛ значеше и официјално и дефинитивно дека по пауза од седум години Работнички ова лето ќе игра во Европа. Секако дека ова е фантастичен успех за сите во клубот од Градски парк ако сакате и Дебар Маало.

Горан Станиќ успеа да го извади максиумот и конечно да го однесе Работнички во Европа. Што ли ќе беше ако Регба, Мазари, Стојановски не си заминеа во зимскиот преоден рок?

На тоа прашање одговорот никој не го знае.

Работнички ќе игра во 1.квалификациско коло во Лигата на Конференциии зошто ќе биде најмалку трет на крајот.

Последен пат Работнички играше во Европа во летото 2018 година кога беше елиминиран од Хонвенд.

Инаку Работнички има трипати играно во плеј – оф. Прво во 2006 против Лил во плеј – офот во Лигата на Шампионите.

Потоа со Лацио во плеј – офот во Лигата на Европа во 2011, за да во 2015 играше уште еднаш во плеј – офот во ЛЕ против Рубин Казан.

Тоа беа времиња кога клубот од Градски парк се фалеше, со право, дека е убедливо најуспешен македонски клуб во Европа.

Следуваше долга пауза од седум години, за да ова лето одново се најде на фудбалската мапа во Европа.

Секоја чест за Станиќ и момците и за раководството на клубот.

ПретходноВМФЛ:Водечките победија! Срамно – што правеше Кожув во последните десетина минути?! (ВИДЕО)
СледноСРАМОТА: Кожув го допре дното! (ВИДЕО)