СРАМОТА: Кожув го допре дното! (ВИДЕО)

571

Невиден скандал попладнево се случи во Гевгелија на мечот од 28.коло во ВМФЛ меѓу Кожув и Башкими. Скандал кој ќе остане врежан за сите во редовите на клубот.

Ова е брука и за македонскиот фудбал и надлежните под итно мора да с преземат мерки и најстрого да се казнат виновниците за бламажата која сите ја видовме во последните мигови од оваа средба.

Се играше судиското продолжение кога Башкими даде победнички гол за 1:2, но како го даде?

Па така што домашните си стоеја, голманот не само што не интервенираше туку и се тргна топката случајно да не го удри, а кумановци стрелаа за победа.

Па, добро бе имаат ли памет во клубот од Гевгелија? Во ова време во кое потребно е дел од секунда да искочи било какво фото или видео на интернет, а посебно ако се знае дека преку ФФМ сите мечеви ги гледаме на стрим, дека вакво нешто ќе мина онака?

Ова е срамно, ова е скандалозно, ова е брука и бламажа….не можеме да најдеме уште некој збор ако се знае дека толку сме изнервирани и резигнирани.

Нема што.

КОЖУВ ГО ДОПРЕ ДНОТО…

ПретходноСлавје во Градски парк: По пауза од седум години Работнички и официјално ќе игра во Европа!
СледноПознати се стартните состави: Интер со Лаутаро во нападот, Левандовски на клупа! (ФОТО)