Како што стојат работите, од јуни тимот на Реал Мадрид ќе го води Чаби Алонсо. Карло Анчелоти заминува, ќе биде нов селектор на Бразил, а Алонсо по фантастичниот успех со Баер Леверкузен, заслужено заминува во Мадрид.
Медиумите во Шпанија уште од сега се бават со тоа на кого од играчите ќе им биде кажано „благодарам“, а прв на сите листи е Лука Модриќ. Управата наводно ќе го испочитува со настап на клубското првенство во САД, а потоа хрватот многу веројатно ќе си замине како слободен играч. Алонсо нема намера повеќе да го чува ветеранот во тимот и покрај неговите огромни заслуги.
Лукас Васкез е следниот на листата кој по евентуалното доаѓање на Тренд Александер Арнолд исто така би бил стандарден но на клупата.
Родриго е веројатно оној околу кој јавноста би имала најмногу полемика, затоа што бразилецот е релативно млад, и има уште многу фудбал во него. Сепак, тој не би сакал да ја има улогата на резерва на Мбапе и Виницијус, а тука е и Џуд Белингам. Сите овие сакаат да се констатно на терен, па Родриго веројатно ќе го гледаме во друг клуб од лето.
Феланд Менди е исто така на цена на пазарот може да се заработи од него, како и од голманот Луњин кој што покажа завиден квалитет кога го замени Куртоа сезонава. Хесус Ваљехо е резервист кој никогаш и не ни имал значајна улога во тимот, па нормално е да си ја побара среќата на друго место.