Вардар против Струга ТЛ како увертира пред финалето во Купот на Македонија!

151

Денеска во 17 часот на теренот на Фудбалската федерација на Македонија во Скопје, во меч од 31.коло, Вардар е домаќин на Струга ТЛ. Сите останати мечеви од ова коло се играат утре исто во 17 часот.

Овој дуел меѓу нашиот најтрофеен клуб и досегашниот шампион, ќе биде и свовидна увертира пред финалето во Купот на Македонија во кое се среќаваат токму Вардар и Струга ТЛ на 21 мај на Националната Арена “Тодор Проески“ во Скопје.

Јасно е дека и двајцата тренери, Гоце Седлоски и Илчо Ѓорѓиоски, колку и да сакат да победат на оваа средба, сепак со мислите ќе бидат на тој најважен меч во сезоната и веројатно денеска нема да ги “откриваат“ докрај картите што се вели. Инаку поради суспензијата заработена на мечот со Шкупи, Седлоски нема да биде на клупата на Вардар на овој меч.

Главно прашање ќе биде дали Вардар и на овој меч ќе остане непоразен и ќе ја продолжи блескавата серија без пораз и на денешниот, 15-ти меч во серија. Да потсетиме дека вардарци оваа пролет, во првенството и Купот на Македонија, освен на првиот меч со Шкендија, немаат пораз. А серија започна токму против Струга ТЛ на гости со победа од 0:2 во второто пролетно коло.

Некој ќе каже ова е неважен меч, но јасно е дека нема неважни мечеви кога играат Вардар и Струга ТЛ, тоа се клубови и тимови кои сакаат, без разлика на составот, победа и само победа на секој меч. Посебно ако се знае кои им се тренери на овие два денеши ривали.

Во секој случај ќе биде тоа интересен и возбудлив натпревар за гледање.

Кога сме кај традицијата да споменеме дека ова е 12 меч меѓу овие две екипи. Вардар успеал да триумфира на четири, Струга ТЛ има една победа повеќе а само два меча завршиле без победник.

На последниот меч Вардар, како што веќе нагласивме, успеа да победи со 2:0 и тоа како гостин.

ПретходноГрег Попович за првпат се појави во јавноста после мозочниот удар (ВИДЕО)
СледноГолема трагедија: Двајца млади мотоциклисти загинаа во ужасна несреќа во која учествуваа 11 возачи