Галевски: Ќе го дадам најдоброто без разлика дали ќе добјам минута, две или пет

138

Македонската ракометна репрезентација се подготвува за двата најважни дуели со пласман на Европското првенство 2026. Селекторот Кирил Лазаров и неговите избраници во четврток и гостуваат на Естонија, додека три дена подоцна ја пречекуваат Литванија. Во изборот на Лазаров повторно се најде Иван Галевски, кој е големо надежно голманско име.

„Јас сум тука за да тренирам и да се докажувам, да го покажувам мојот квалитет, а дали ќе настапам ќе одлучи селекторот. Сепак, како што кажав, ќе го дадам најдоброто од себе, дали ќе добјам минута, две или пет, јас ќе бранам за Македонија. Веќе одигравме по еден дуел со следните два ривали, имаме материјал да ги анализираме. Добри сме и здрави, имаме време да ги спремиме, да се консолидираме и одиме на победа. Предизвик ќе биде по Светско првенство, да се игра на Европско првенство, но, сепак, ќе одиме чекор по чекор, прво да ги добиеме Естонија и Литванија, па ќе разговараме за тоа“, изјави Галевски.

ПретходноАлонсо уште пред да дојде расчистува со неколку играчи на Реал
СледноРоналдо „јуниор“ доби повик за репрезентацијата на Португалија