Никој не смее да му „писне“, Јокиќ на тајм-аут ги „рибаше“ соиграчите (ВИДЕО)

636

Денвер Нагетс поведоа со 1-0 во полуфиналната серија во Западната конференција, откако на гостински терен ги победија Оклахома Сити Тандер со 121-119, со тројката на Арон Гордон четири секунди пред крајот на натпреварот.

Никола Јокиќ го заврши натпреварот со 42 поени, 22 скока и шест асистенции, а за време на еден тајм-аут покажа дека е повеќе од само играч. Се однесуваше како тренер, за време на една минута одмор им објаснуваше на соиграчите што треба да подобрат во играта. Тие внимателно слушаа, како и помошниците тренери. По тренерската смена во Денвер и заминувањето на Мајк Мелоун и доаѓањето на Дејвид Аделман, ова е втор пат како српскиот кошаркар води еден тајм-аут.

ПретходноПартизан објасни зошто еден од кошаркарите удри напаѓач со шише по глава (ВИДЕО)
СледноМакедонија има едно од петте најголеми дерби пресметки во европски рамки!