Две победи ја делат македонската ракометна репрезентација од пласман на Европското првенство 2026 година. Селекторот, Кирил Лазаров и неговите избраници на 8 мај и гостуваат на Естонија, додека три дена на домашен терен ја пречекуваат Литванија. Токму последниот дуел ќе биде клучен за заверка на билетот за ново големо натпреварување.
Еден од најискусните во редовите на националниот тим, Жарко Пешевски е свесен дека целата нација очекува победи на двата меча. Пикерот на Пелистер вели дека одат чекор по чекор, но испрати важна порака: Литванија пред полни трибини во Скопје нема што да бара.
„Ни следат два важни натпревари на кои со две победи може да ни донесат големо првенство. Ни претстојат Естонија и Литванија, со квалитетот и искуството што го имаме, на крајот би требало да биде пресудно за позитивен резултат за двата натпревари. Секако дека од нас се очекуваат победи, знаеме Естонија што го одигра последниот меч со Литванија дека беше добар. Првиот меѓусебен меч со Естонците понуди голови. Се надевам дека следните денови ќе ги искористиме добро да се подготвиме. Спортски е да одиме чекор по чекор, прво сакаме да имаме добар резултат со Естонците, а потоа во Скопје, пред полна сала, мислам дека Литванците нема што да бараат“, изјави Жарко Пешевски.