Вечерва во Милано од 21 часот се игра реванш мечот од 1/2 финалето во Лигата на Шампионите меѓу Интер и Барселона. По тие 3:3 на првиот меч јасно е дека сите сме во очекување на нов спектакл.
Што се однесува до стартните состави, конечно е разрешена дилемата која се вика Лаутаро Мартинез. Капитенот на Интер се најде во стартниот состав на тренерот Инзаги.
Од друга страна Флик, тренерот на Барса, го остави Левандовски на клупата. Јасно е дека ако треба секако дека полскиот напаѓач ќе се најде во игра.
Ова се стартните состави на Интер и Барселона: