Почина поранешниот светски првак со Аргентина, Луис Галван

52

Поранешниот светски првак со репрезентацијата на Аргентина од Мундијалот во 1978. година, Луис Галван почина на 77. годишна возраст. Поранешниот дефанзивец бил член најмногу на тимот на Талерес Де Кордоба, а бил дел и од Мундијалот во Шпанија во 1982.

Јавноста во Аргентина откри дека Галван неколку недели бил во клиниката „Реина Фабиола“ во Кордоба со пневмонија.

„Федерацијата и целото нејзино раководство изразуваат искрено сочувство до неговото семејство и пријателите во овој болен момент“, се вели во соопштението на Аргентинската фудбалска федерација.

ПретходноРоналдо „јуниор“ доби повик за репрезентацијата на Португалија
СледноМиленкоски со проверени сили на скратениот список на репрезентацијата