Интер – Барса на македонски начин во Струмица!

1627

Ако светот вчера сведочеше на епски меч во Милано меѓу Интер и Барселона во Лигата на Шампионите, кој заврши со победа на домашните од 4:3 со што изборија пласман во финалето во ЛШ, денеска сведочевме во Струмица на нешто слично.

Брера – Шкуи 4:3, меч за паметење во мак – фудбалот. Меч кој донесе седум голови, многу шанси, пенали, грешки, битка до последен здив и на крај домашна радост како на теренот така и на трибините.

Ова беше Интер – Барса на македонски начин во Струмица.

И кога еден меч вака ќе заврши, со победнички гол во 90+6.минута нормално е да има и искри во тунелот кон соблекувалните. Едните од преголема радост за трите бода а другите од преголема тага.

Потсетување како се одвиваше резултатот. Брера поведе со голот на Наумчевски во 28.минута, неколку минути Асани израмни на 1:1, за да Имери во 45.минута му донесе 1:2 на Шкупи. Во продолжение од средбата Кадриу стрелаше за 1:3 за гостите во 76. Веќе во 78.минута Ндезенгуе намали на 2:3 и тогаш драма и трилер во последните минути од средбата. Прво Ѓорѓиевски од пенал во 90.минута израмни на 3:3 за да Драме во 90+6.минута постигна гол за злато вредна победа од 4:3 за Брера.

ПретходноСловенија одигра за Македонија: Нашите ракометари можат и како второпласирани да одат на ЕП!
СледноГостивар и Шкупи со победи ја продолжуваат битката за опстанок