Попладнево се играат три средби од 31.коло во ПМФЛ. Под Шара домашната Шкендија има убедливо водство против Работнички со 2:0 и тоа со головите на Љатифи и Тамба. Како што е познато во случај на победа тимот на Шкендија и официјално ќе биде шампион на Македонија.
Со голот на Миловановиќ во 40.минута Тиквеш води со 1:0 против Беса, додека во Струмица каде играат Брера и Шкупи моменталниот резултат е 1:2. Наумчевски за домашните и Асани и Имери за гостите беа стрелци.
Мечевите Пелистер – Воска и Силекс – Гостивар се регистрирани со службени 3:0 за домашните.
Вардар и Струга ТЛ вчера одиграа 0:0.