Антоан: Со игра како во Битола и со 40 минути борба – ќе славиме и на мајсторката

51
Денеска ќе биде познато името на последниот патник во полуфиналето на плеј-офот. Кошаркарите на Пелистер конечно почнаа да играат во рамките на квалитетот и потенцијалот што го поседуваат, со две импресивни изданија и убедливи победи враќајќи се до 2-2 во четвртфиналната серија со Работнички. Мајсторката е на програмата утре во 19 часот, а домаќин е Работнички.
„Она што е клучно што се промени – тоа е нашата енергија на теренот. Играме навистина борбено, се покриваме еден со друг во одбраната, несебични сме во нападот. Сето тоа даде резултат на двете средби во Битола, одлично беше да се слави така убедливо против Работнички, но знаеме дека ништо не е готово“, изјави Брајан Антоан, американскиот бек кој игра во одлична форма за „зелено-белите“.
Пелистер ги загуби претходните две средби во Скопје и нема сомнеж дека Работнички ќе настојува да го одбрани домашниот терен, но „пелистерци“ се подготвени со брејк да стигнат до билет за полуфиналето.

„Секако, самодовербата од овие две победи ќе ни помогне подобро да влеземе во мајсторката. Сепак, мораме и да останеме фокусирани 40 минути, бидејќи тоа е клучот, да одиграме квалитетен меч без осцилации. Ако играме како на последните два меча во Битола и ако се бориме од почеток до крај, верувам дека ќе се радуваме на крајот“, оптимист е Антоан

ПретходноМакедонија У16 со стартен пораз, ние погодувавме диреци, Србија погодуваше во мрежа
СледноНавивачите на Кожуф бесни: Бараме итен состанок и одговорност