Фановите на Реал со провокација за Барса: Интер ти благодариме (ВИДЕО)

150

Синоќешниот реванш дуел од полуфиналето во Лигата на Шампионите одиграно во Милано, помеѓу Интер и Барселона ќе биде запишано во аналите на светскиот фудбал, како еден од најдобрите фудбалски мечеви во историјата.

Реално, она што синоќа се случуваше на Џузепе Меаца е рамно на фудбалско совршенство и се што се нарекува убавина во овој спорт.

Навивачите на Интер се во екстаза, го слава пласманот во финалето, а во тоа имаат и другари што се вели. Навивачите на Реал Мадрид. Колкаво е ривалството помеѓу Реал и Барселона класично почажува денешниот потег на “Кралските“ навивачи.

Пред портите на тренинг центарот на Реал Мадрид, поставен е банер „Интер ти благодариме“ што е провокација на ниво што се вели за Каталонците кои денешниов ден очигледно ќе го помнат како еден од најтешките во животот.

ПретходноКК „Љуботен“ ќе го организира завршниот турнир за кошаркарите до 12 години
СледноФФМ: Кожув и Башкими се дадени на дисциплинска, материјалот е предаден во МВР а информирана е и УЕФА!