Кошаркарите на Гостивар и Шкупи ја продолжуваат трката за последното место кое обезбедува опстанок во домашната кошаркарска елита. Во денешните средби од тековното плеј-аут коло, Шкупи на домашен терен немаше посебни проблеми и со убедливи 104-79 славеше против екипата на Вардар, додека Гостивар беше убедлив на средбата со Тиквеш обезбедувајќи триумф оф 84-69.
И двата тима остануваат со идентичен скор и бодовно салдо во трката да се избегне претпоследното место на табелата кое води во Втората лига. Во следното коло Тиквеш го пречекува Шкупи, додека Гостивар ќе му гостува на Вардар,