Дали зад Башкими како неформален спонзор стои газдата на Гостивар?!

1744

После се она што се случи вчера во Гевгелија, по оној срам и веројатно најтежок скандал во последните децении во мак – фудбалот, нормални беа реакциите од сите страни. Сите се вџашени од тоа што се случи, од начинот на кој Башкими победи на гости кај Кожув, од тие моменти во последните минути од средбата кога домашните стоеја, голманот се тргаше на страна а гостите од Куманово си дадоа гол за победа и за три бода со кои се во игра за пласман во елитата.

Страшно. Ова навистина не може да мине така. Надлежните, пред се ФФМ, најавија истраги под итно а виновниците за овој срам и скандал, секако дека ќе мораат да одговараат.

Инаку интересно е тоа што во изминатите неколку месеци во јавноста се повеќе се шпекулира дека зад Башкими, како неформален спонзор стои газдата на Гостивар, и дека кога ќе завршела сезоната тоа официјално ќе се потврдело.
Така се шпекулира, така се говори во кулоарите. Во фудбалско Куманово тоа веќе не е “приказна“…

Интересно е тоа дека Башкими почнува да наликува на Гостивар. Како прво со полноќните соопштенија и реакции. Па кој пишува реакција или соопштение во 01 часот по полноќ? Само Гостивар и сега Башкими? Истиот контекст, истиот приказ, истите одбрани и напади. Како некој од Гостивар да го пишувал.

Интересно е и соопштението на Башкими во кое се вели дека нападите врз клубот од Куманово биле оркестрирани, неосновани и дека тие како клуб се чисти и дека натпреварот бил чист и дека тие заслужено ги освоиле трите бода.

Човек чита и не верува! Па, зарем е можно сите ние, целата спортска и фудбалска јавност да гледале еден натпревар а тие од Башкими сосема друг.

Зарем не е очигледно дека домашните стојат а голманот се трга за да Башкими даде гол?

Да, очигледно е, но не и за авторот на тоа соопштение на Башкими.

Овој скандал, како што рековме е еден од најголемите во мак – фудалот ако не и најголем, треба во целост да се расчисти, во целост. Немаме намера однапред да покажуваме со прст кон било кого, да сугерираме дека тој и тој е виновен, за тоа си има надлежни, ние кажуваме и посочуваме само факти.

А фактите се дека оној победнички гол на Башкими во Гевгелија, односно начинот на кој беше постигнат, е скандал и тешка брука за сите нас кои сме вака или онака поврзани со мак – фудбалот.

ПретходноПМФЛ: Денеска со победа над Работнички тимот на Шкендија и официјално ќе стане шампион на Македонија!
СледноСлучајна средба на ракометарите и Иџе во Франкфурт: Секогаш со срце за Македонија!