КК „Љуботен“ ќе го организира завршниот турнир за кошаркарите до 12 години

70

Кошаркарскиот клуб „Љуботен“ од Тетово ќе биде организатор на завршниот турнир за најмладата возрасна категорија, М12, во машка конкуренција, од лигите кои ги организира Кошаркарската Федерација на Македонија откако денеска ја обезбеди организацијата на лицитацијата организирана од канцеларијата за младински лиги при КФСМ.

Кошаркарите до 12 години ќе бидат првите кои ќе го комплетираат натпреварувањето за натпреварувачката сезона, со дводневен завршен турнир во Ф4 формат.

Натпреварите ќе се одиграат во Средното Економско училиште „8-ми септември“ во Тетово. Полуфиналните натпревари ќе се играат на 10. мај (сабота), додека ден подоцна, на 11.мај, ќе биде познат шампионот во оваа возрасна категорија. .

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ

10.МАЈ (САБОТА)

ПОЛУФИНАЛЕ
ВАРДАР АД – МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ АД
ЉУБОТЕН ТЕТОВО – БОРЕЦ БАСКЕТ

11.МАЈ (НЕДЕЛА)

НАТПРЕВАР ЗА ТРЕТО МЕСТО

ПОРАЗЕН 1 – ПОРАЗЕН 2

ФИНАЛЕ

ПОБЕДНИК 1 – ПОБЕДНИК 2

“Термините за натпреварите ќе бидат дополнително објавени од организаторот на завршниот турнир.

ПретходноАлба Берлин заминува од Евролигата
СледноФановите на Реал со провокација за Барса: Интер ти благодариме (ВИДЕО)