Интер е првиот финалист во Лигата на шампионите оваа сезона. Првиот натпревар во Каталонија заврши 3:3, а идентичен резултат беше и во реваншот во Милано, каде победникот беше решен по продолженија, а таму пресуди голот на Фатеси.
По завршување на мечот доста емотивен беше Лаутаро Мартинез.
„Плачев со сопругата и децата, но им ветив на моето семејство дека ќе бидам на теренот. Мајка ми исто така беше загрижена, ми се јавуваше цело утро.
Многу сум емотивен. Игравме против одличен тим, но Интер постојано го крева нивото во последните четири или пет години. Горди сме. Овој тим никогаш не се откажува, а стадионот и навивачите се едноставно неверојатни“, изјави аргентинскиот напаѓач, Лаутаро Мартинез.
Ова ќе биде второ финале за Интер во три години откако загубија со 1-0 од Манчестер Сити во Истанбул во 2023 година.
„Од денот кога го загубивме тоа финале, размислувавме само за овој момент. Сега мора да ја собереме нашата сила, да ја завршиме сезоната на вистински начин и да ја искористиме можноста да напишеме нова страница во историјата.“