Вечерва од 21 часот, на „Паркот на принциовите“ во Париз, се игра реваншот од второто полуфинале во годинешната сезона во Лигата на Шампионите. ПСЖ го дочекува Арсенал и го почнува овој реванш со предност од 1:0 ако се знае дека на „Емирејтс“ во Лондон минатата недела “светците“ победија со голот на Дембеле.
Значи вечерва ќе дознаеме кој од ПСЖ или Арсенал ќе оди во финалето во Минхен на 31 мај и ќе му се спротистави на Интер кој вчера во епски меч ја победи Барса со 4:3.
Реално ПСЖ би требало да биде фаворит на хартија и не само поради предноста од еден гол и не само поради тоа што игра пред своите фанови. Четата на Луис Енрике на прв поглед делува дека знае што прави и знае како да дојде до тоа што го сака.
Сепак Арсенал на ова гостување едноставно има намера да даде се од себе, да покаже дека има сила и знаење за пласман во големото финале. Да се потсетиме дека во 1/4 финалето во реваншот тимот на Микел Артета славеше среде “Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид.
Со оглед на напаѓачкиот стил на двата тренера, на двата тима, можеме да очекуваме нов спектакл во Лигата на Шампионит, нешто налик како оној вчерашниот на “Џузепе Меаца“ во Милано.
ПСЖ или Арсенал? Одговорот ќе го добие вечерва околу 23 часот или нешто подоцна.