Македонија У16 со стартен пораз, ние погодувавме диреци, Србија погодуваше во мрежа

280

Репрезентацијата на Македонија до 16. години предмалку на стартот на развојниот турнир во Црна Гора загуби од селекцијата на Србија со конечни 2:0. Во меч во кој противникот, но и ние имавме свои моменти, Србија ги искористи своите шанси, а ние сепак, останавме покуси овојпат за погодок.

На два пати по погодивме оквирот на голот преку Амети и Лука Георгиевски, додека шанси промашија Петковски, Ракипи, Исламовиќ.

Нашиот тим одигра добро, но секако, секогаш има простор за напредок и поправање на грешките во играта. Сепак, ова се момци кои што треба допрва да се воигруваат и нагдрадуваат во дресот со национален грб.

Следен дуел на нашата репрезентација е оној против Словачка во петок.

 

Голмани:

Дарија Денковски (Македонија ЃП)

Ринор Цека (Шкендија)

Амин Суљеновиќ (Парк)

Одбрана:

Игор Вргов (Брера)

Мелдин Аломеровиќ (Словенија)

Грегоријан Михајловски (Сервет)

Давор Стојанов (Њу Старс)

Аријан Рамадани (Шкендија)

Анес Бајрами (Шкупи)

Филип Цветановски (Вардар)

Средина:

Лука Георгиев Јасмин (Њу Старс)

Сонер Ракипи (Шкендија)

Андреј Цветковски (Работнички)

Марко Мирчевски (Охрид)

Фадиљ Исламовиќ (Загреб)

Лука Георгиевски (Брера)

Лука Кнежевиќ (Македонија ЃП)

Напад:

Коста Бошковски (Вардар)

Васко Папалиски (Парк)

Горјан Петковски (Македонија ЃП)

Вулнет Амети (Шкупи)

 

ПретходноФК Кожуф со соопштение: Доколку истрагата воочи нерегуларности, виновниците да бидат најстрого казнети
СледноАнтоан: Со игра како во Битола и со 40 минути борба – ќе славиме и на мајсторката