Не стивнуваат страстите по вчерашниот дуел од ВМФЛ шампионатот помеѓу екипите на Кожуф и Башкими. На очиглед на домашната публика во Гевгелија, Кожуф малтене му дозволи на гостинот да победи со гол постигнат во судиското продолжение, и на начин на кој што треба сите актери на овој меч да се засрамат.
По ова, откако јавноста „збесна“, ФФМ најави сериозна истрага, санкции и реперкусии за направеното, се јавија двата клуба со соопшение, еве ги сега и навивачите на Кожуф, популарните „Фантоми“.
Тие се бесни на начинот на кој што некој си поигра со реномето на овој децениски клуб со традиција. На начинот на кој што буквално го избламира Кожуф, градот Гевгелија и неговите верни навивачи.
ОДГОВОРНОСТ!!!!
Клуб кој постои 1век да јаде ваков срам нема да дозволиме!!
Како навивачка група бараме итен состанок и ОДГОВОРНОСТ!!
Никој нема да биде поштеден!!
Клуб за кој сме се бореле во општински лиги, сме јаделе куп казни, притисоци , закани и сл !! Секогаш сме биле победници ќе бидеме и сега ! Ќе се избориме до крај !
КОЖУФ ОВА НЕ ГО ЗАСЛУЖИ!!
ВРЕМЕ Е КЛУБОТ ДА ДОЈДЕ
ВО НАШИ РАЦЕ!!
ТИШИНА ПРЕД БУРА!
ЗА СИТЕ ПОСТАПКИ НА ГРУПАТА ЌЕ БИДЕТЕ НАВРЕМЕНО ИЗВЕСТЕНИ