Денеска од 17 часот се играат уште три средби од 31.коло во ПМФЛ. Од познати причини Пелистер и Силекс своите мечеви ќе ги добијат со службени 3:0 против Воска и Гостивар, па така сите погледи ќе бидат свртени кон Тетово.
Имено денеска и официјално Македонија може да добие нов првак во ПМФЛ, а тоа е екипата на Шкендија. Тимот на Јетон Беќири треба да победи против Работнички, кој веќе избори пласман во Европа, и со тоа да стави печат на петтата титула во клупската историја.
Разликата сега е 4 бода меѓу Шкендија и Силекс. По ова коло ако победат тетовци таа ќе остане иста зошто кратовци ќе победат службено со Гостивар, а се знае дека во следното 32.коло Шкендија ќе ги добие службено трите бода против Гостивар. Тоа значи дека во последното коло во најлош случај Шкендија ќе го пречека Силекс со +4 бода.
Затоа велиме дека денеска ако го победи Работнички, тетовскиот клуб ќе ја освои титулата. Шкендија досега била шампион во 2011, 2018, 2019 и 2021.
И со тоа и официјално ќе стане вториот најтрофеен клуб во Македонија, после Вардар.
Супер интересно ќе биде во Кавадарци каде Тиквеш ја дочекува Беса во меч да се избегне 10.место кое води во баражот. Исто така и Брера сака победа над Шкупи од истите причини.
Вчера Вардар и Струга ТЛ одиграа без победник 0:0.
ДВОЈКИ ЗА 31.КОЛО – ДЕНЕСКА (17 Ч)
Битола: Пелистер – Воска (3:0 сл)
Кавадарци: Тиквеш – Беса
Струмица: Брера – Шкупи
Тетово: Шкендија – Работнички
Кратово: Силекс – Гостивар (3:0 сл)
ВЧЕРА
Вардар – Струга ТЛ 0:0
ТАБЕЛА
Шкендија 64, Силекс 63, Работнички 56, Струга ТЛ 49, Гостивар (-9) 39, Вардар 39, Пелистер 38, Шкупи 34, Тиквеш 29, Брера 27, Беса 27, Воска (-9) 13.