Екипата на Работнички е последниот патник во полуфиналето на плеј-офот. Најтрофејниот кошаркарски колектив во инфаркт завршница го победи Пелистер со 82-79 и тоа благодарение на Андреј Шошкиќ. Македонскиот репрезентативец постигна тројка со звукот на сирената и го фрли во транс својот тим.
Шошкиќ не само што ја погоди решавачката тројка, во самиот финиш кога се играше кош за кош, го водеше својот тим, постигна важни поени. На крајот зад своето име запиша 23 поени и 8 скока.
Кошаркарите на Работнички за противник во полуфиналето ќе го имаат тимот на ТФТ.