Повлекувањето од ПМФЛ на Воска и Гостивар, донесе нешто интересно и несекојдневно, барем кога станува збор за ВМФЛ. Имено сега откако се знаат сите победници во петте региони или трети лига и откако веројатно Осогово ќе биде 16-ти на крајот во второлигашката конкуренција, се знаат сите шест екипи кои ќе играат бараж мечеви за пополнување на ВМФЛ.
Тоа се Преспа (Трета лига – југозапад), Големо Коњари (Трета лига – југ), Шкендија Арачиново (Трета лига – север), Слога Виница (Трета лига – исток), Тетекс (Трета лига – запад) и рековме Осогово од ВМФЛ.
Ждрепката ќе каже кој со кого ќе игра бараж, а трите победнички екипи директно ќе се пласираат во ВМФЛ за сезоната 2025/26. Сепак тоа не е крај, со оглед на тоа дека има уште две празни места поради Воска и Гостивар кои ќе одат во најнизок ранг. Па така со ждрепка ќе биде одлучено кои две од трите поразени екипи сепак ќе одат во повисок ранг.
Значи да повториме, од шест екипи кои ќе играат бараж дури пет ќе одат во Втора лига, само една нема да оди.
Интересно во секој случај.
Имено такви се пропозициите на ФФМ.
Се разбира ова не е дефинитивно по се она што се случи вчера во Гевгелија, по онаа бламажа на меччот меѓу Кожув и Башкими. На потег се надлежните во ФФМ.
Да почекаме.