По се она што се случи вчера во Гевгелија, кога во последните моменти од средбата домашните фудбалери на Кожув стоеја а гостинските на Башки постигнаа победнички гол за 1:2, некаде после полноќ со официјална реакција се јави и Башкими.
Додека цела Македонија не може да поверува во тоа што го виде, од таборот на кумановци уверуваат дека се било чисто.
Навистина неверојатно.
Ви го пренесуваме во целост соопштението на Башкими:
“Загрижени и огорчени сме поради оркестрираните напади врз нашиот клуб, поради гордоста на Куманово и спортскиот колектив кој направи многу за спортот, културата, за младите!
Башкими 1947 не е само клуб, туку семејство создадено со децении и децении, со многу труд, пот и жртви.
Башкими им пречи на негативците затоа што сега е посилен од кога било, сега го оживува сонот на многу Кумановци желни за спорт, а особено за фудбал.
Башкими оваа сезона беше најкомплетниот тим, и со инфраструктура, тим и навивачи. Ние сме тимот кој има најголем број навивачи на скалите на стадионот. Ние сме силата на многу генерации.
Оваа сезона беше совршена, беше сезона која нашиот сон ја оживува, сезона каде што имавме многу посебни, но и разочарувачки моменти, но сите ги прифативме како дел од спортот. Тим ФЕР ПЛЕЈ, тим кој промовираше многу таленти и емоции.
Денешниот настан во Гевгелија каде што се крена невидена “прашина“ досега е причина за ова соопштение.
Нашиот клуб, со највисока одговорност ги информира сите дека како и секој натпревар, вклучително и овој против Кожуф, беше чист и заслужено ги освоивме три бода.
Цврсто веруваме дека овој напад е неоснован, бидејќи нема факти, аргументи или индикација дека нашиот клуб не играл фер-плеј.
Надевајќи се на правда и спроведување на законот, ве покануваме во сабота во 17:00 часот, на дербито на неделата против Детонит“ велат од Башкими.