Ракометарите ќе добијат премија од 3 милиони денари за пласман на ЕП 2025

81

Ракометната федерација на Македонија предмалку објави дека донела одлука машката ракометна репрезентација да биде наградена со три милиони денари за пласманот на ЕП во 2025 година.

Инаку нашата репрезентација е во ек на подготовките за двата преостанати дуели од квалификациите, а тоа се оние против Естонија утре, односно против Литванија во недела.

Ракометот и натаму е нашиот прв екипен спорт, и репрезентацијата и понатаму е дел од сите големи турнири како на континентално, така и на планетарно ниво.

ПретходноНавивачите на Кожуф бесни: Бараме итен состанок и одговорност
СледноПауновиќ реши: 20 одбојкарки на првиот собир во Струмица