Рафиња го израмни рекордот на Роналдо

112
Фото: ФЦ Барселона/Твитер

Фудбалерот на Барселона, Рафиња, го израмни рекордот на Кристијано Роналдо со 21 гол во една сезона во Лигата на шампионите. Сепак, испаѓањето на Каталонците од Интер ќе го спречи Рафиња да ја престигне португалската ѕвезда.

Рафиња го постигна еден од головите во поразот на Барса од Интер со 3-4 во елиминацијата од турнирот. Оваа сезона постигна 13 гола и запиша 8 асистенции.

Достигнувањето на Кристијано Роналдо датира од сезоната 2013/2014, кога тој исто така учествуваше во 21 гол со тимот на Реал Мадрид.

ПретходноСлучајна средба на ракометарите и Иџе во Франкфурт: Секогаш со срце за Македонија!
СледноJамал: Ќе го одржам ветувањето и ќе го донесам трофејот во Барселона