Титулата се врати под Шара: Шкендија повторно на тронот! (ФОТО+ВИДЕО)

230

Од денеска Македонија и официјално има нов шампион, тоа е Шкендија. По двегодишна доминација на Струга ТЛ, претходно една сезона и на Шкупи, Шкендија по петти пат во својата клупска историја е првак на Македонија.

May be an image of 6 people, people playing football, people playing soccer and text that says 'අාමමිබව র 歌 Ecoli Fcolo 0 Ecal kolea ទំ Eco/ Eco Ecolog CHAMPIONE 2024/25 NMFL CHAMPIONS'

Ова е и прва титула на Јетон Беќири како тренер на тетовци. Минатата сезона Струга ТЛ среде Тетово им ја “украде“ титулата на коло до крајот, но сега Шкендија не ја направи истата грешка. Го победи мотивираниот Работнички со 2:1 и тоа беше сосема доволно да започне славјето под Шара меѓу играчите и стручниот штаб.

Познато е дека до крајот на сезоната не смееда има публика, па затоа тука не беа фановите на Шкендија.

Да потсетиме дека Шкендија беше шампион на Македонија во 2011, во 2018, 2019 под водство на Ќатип Османи, во 2021 под водство на Ернест Ѓока а сега со тренерот Јетон Беќири.

Интересно, Бесарт Ибраими како двоен шампион со Струга ТЛ минатото лето се врати во Шкендија и повторно освои титула.

Реално Шкендија оваа сезона покажа најмногу и затоа ја заслужи титулата.

Честитки.

ПретходноПМФЛ: Шкендија и официјално е ШАМПИОН, драма во Струмица и 4:3 за Брера, победи и Тиквеш! (ВИДЕО)
СледноСловенија одигра за Македонија: Нашите ракометари можат и како второпласирани да одат на ЕП!