ФК Кожуф со соопштение: Доколку истрагата воочи нерегуларности, виновниците да бидат најстрого казнети

587

Јавноста не престанува да се бранува по вчерашниот дуел од 28. коло од ВМФЛ шампионатот кој беше одигран во Гевгелија помеѓу екипите на Кожуф и Башкими. Меч кој што требаше во голема мера да одлучи околу бодовите за претендентот за првото место, екипата на Башкими, се претвори во тотална бламажа. Обвинувања за наместен натпревар, голо постигна во последните секунди кој што во најблага рака може да се окарактеризира како „сомнителен“.

По соопштението на ФФМ на оваа тема, оноа на Башкими, сега се јави и домаќинот, ФК Кожуф. Од Гевгелија велат дека секој кој што погрешил на овој меч, а во понатамошната истрага на надлежните органи биде пронајде за виновен, треба да биде најстрого казнет.

Соопштението во го пренесуваме во целост.

СООПШТЕНИЕ ДО СПОРТСКАТА ЈАВНОСТ:
Во рамките на 28-коло од ВМФЛ НА градскиот стадион во Гевгелија се одигра натпреварот помеѓу Фк Кожуф и Фк Башкими кој заврши со резултат 1:2.
По завршувањето на натпреварот во јавноста имаше силни реакции во однос на залагањето на дел од играчите од нашиот тим. Во овој момент ги отфрламе обвинувањата кон Фк Кожуф и играчите. Доколку истрагата од надлежните органи утврди нерегуларности на овој натпревар виновниците нека бидат најстрого казнети!
Со почит Фк Кожуф

ПретходноJамал: Ќе го одржам ветувањето и ќе го донесам трофејот во Барселона
СледноМакедонија У16 со стартен пораз, ние погодувавме диреци, Србија погодуваше во мрежа