Каталонскиот клуб беше елиминиран во полуфиналето на Лигата на шампионите по продолженијата, иако водеше со 3:2 до 87-та минута.
На крајот, фудбалерите на Интер се пласираа во финалето со победа од 4:3.
„Дадовме сѐ од себе, оваа година тоа не беше можно, но ќе се вратиме, да не се сомневате. Нема да застанеме додека не го оставиме овој клуб таму каде што заслужува да биде, на врвот“, напиша Џамал на Инстаграм.
„Ќе го одржам ветувањето и ќе го донесам трофејот во Барселона, нема да застанеме додека не го постигнеме тоа. Но, недела е уште едно финале и сите мора да бидеме заедно“, додаде.
Во финалето, Интер ќе игра со подобриот тим од дуелот ПСЖ-Арсенал.