Шкендија и официјално е шампион на Македонија за сезоната 2024/25. На тетовци денеска им требаше било каква победа за да на две кола до крајот ја официјализираат своја петта титула во клупската историја или прва по пауза од четири години и во тоа успеаја. Четата на стратегот Јетон Беќири го победи Работнички со 2:1 и со тоа се искачи и дефинитивно на тронот во мак – фудаблот.
Стрелци на головите беа Љатифи и Тамба, за Работнички стрелаше Делеј од пенал.
Во Струмица невидена драма и на крај победа на Брера од 4:3 против Шкупи и тоа со головите на Ѓорѓиевски и Драме во 90 и 90+5. минута откако беше 2:3 за Шкупи. Ова е голема победа за Брера со која има шанси да го избегне местото кое води во баражот.
Во Кавадарци домашниот Тиквеш славеше против Беса со 1:0 и тоа со голот на Миловановиќ за големи и екстра значајни три бода.
Пелистер – Воска и Силекс – Гостивар од познати причини ќе бидат регистрирани со службени 3:0 за домашните екипи.
Вчера Вардар и Струга ТЛ одиграа без голови.
РЕЗУЛТАТИ 31.КОЛО
БРЕРА – ШКУПИ 4:3
(Наумчевски 28.,Ндезенгуе 78., Ѓорѓиевски (п) 90., Драме 90+5./Асани 31, Имери 45.. Кадриу 76.)
ШКЕНДИЈА – РАБОТНИЧКИ 2:1
(Љатифи 6., Тамба 33./Делеј (п) 62.)
ТИКВЕШ – БЕСА 1:0
(Миловановиќ 40./)
ПЕЛИСТЕР – ВОСКА 3:0 (СЛ)
СИЛЕКС – ГОСТИВАР 3:0 (СЛ)
ВЧЕРА
ВАРДАР – СТРУГА ТЛ 0:0