Фудбалериките на Тиверија Брера и Љуботен ќе играат во финалето на Купот на Македонија во женска конкуренција. Денеска се одиграа полуфиналените дуели во кои Тиверија Брера успеа да слави над екипата на Скопје 2014 со минимални 1:0, додека Љуботен славеше против Каменица Саса со 2:0.
Местото и терминот на одигрувањето на финалниот меч ќе бидат утврдени од ФФМ во наредниот период.
КУП НА МАКЕДОНИЈА (Ж)
ПОЛУФИНАЛЕ:
Каменица Саса – Љуботен 0:2
Тиверија Брера – Скопје 2014 1:0