Аморим: Ќе направиме се Бруно да остане со нас

73

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, изјави дека сака капитенот на тимот, Бруно Фернандеш, да остане во клубот и следната сезона.

Португалскиот стратег ова го изјави како одговор на објавите во британските медиуми дека неговиот 30-годишен сонародник се сретнал со претставници на саудискиот клуб Ал Хилал. Арапскиот клуб е подготвен да плати до 150 милиони фунти за правата на играчот и да му даде неделна плата од 1,25 милиони фунти за период од три години – параметри кои се многу пати повисоки од оние во Јунајтед во моментов.

„Мислам дека е лесно да се согледа колку е важен за нас Бруно. Не само поради неговата статистика, туку и поради начинот на кој игра и сè што направи во петте години што ги помина на „Олд Трафорд“. Тој е играч од врвна класа и ни треба таков играч. Тој е лидер, капитен и многу важен играч“, рече Аморим.

ПретходноКарлос Саинц ќе се кандидира за претседател на ФИА
СледноВо Барса не можат да ја прежалат елиминацијата: Судијата почна да се заканува уште во третата минута!