Влаховиќ оди на продажба и за половина цена

101

„Старата дама“ ќе ја намали цената за српскиот напаѓач Душан Влаховиќ, самоз а да се ослободни од него ова лето. Според италијанските медиуми, Јувентус е подготвен да ги разгледа сите понуди дури и помали од 40 милиони евра.

Влаховиќ пристигна во Јувентус во јануари 2022 година во трансфер вреден 83,5 милиони евра. Торинскиот клуб го донесе од Фиорентина како специјалист за голови, а тој постигна 55 гола на 139 одиграни натпревари.

Во тековната сезона во Серија А, српскиот репрезентативец постигна девет гола и имаше четири асистенции во 26 настапи, а вкупно 14 на 38 натпревари.

ПретходноПознати полуфиналните двојки во плеј-офот во Втората лига
СледноЛЕ и КЛ: Три англиски тима подготвени да прослават пласман во финале