За првпат по пет години во финалето на ЛШ нема да играат тимови од Англија или Шпанија

96

За првпат по пет години, во финалето на Лигата на шампионите нема да настапат клубови ниту од Англија, ниту од Шпанија.

Арсенал и Барселона, соодветно, се пласираа во полуфиналето како претставници од Премиер лигата и Ла Лига, но и „топчиите“ и Каталонците беа елиминирани.

Синоќа Арсенал загуби и на вториот меч со ПСЖ (0:1, 1:2), додека „Блауграна“ беше елиминирана од Интер (3:3, 3:4).

Во претходните четири сезони, во финалето учествуваше барем еден клуб од Англија или Шпанија. Последниот пат кога немаше тим од овие две земји во големото финале беше во сезоната 2019/20, кога Баерн го победи ПСЖ во финалето со 1:0.

ПретходноПСЖ во првата сезона без Мбапе стигна до финалето на кое чекаше пет години
СледноЏатевска го продолжи договорот со Шомбатели