ЛЕ и ЛК – полувреме: Билбао со водство на “Олд Трафорд“, без голови во Бодо, 2:1 е во Фиренца (ВИДЕО)

82

Вечерва се играат реванш средбите од 1/2 финалето во Лигата на Европа и Лигата на Конференции. По првите 45 минути во ЛЕ составот на Манчестер Јунајтед е во негатива од 0:1 против Билбао, сепак сеуште има убава вкупна предност од 3:1. Стрелец на голот на гостите беше Јаурегизар во 31.минута.

На вториот меч Бодо/Глимт и Тотенхем играат 0:0, што значи дека Англичаните и натаму имаат вкупни 3:1.

Во ЛК домашниот Челзи има водство од 1:0 против Ѓургарден и тоа со голот на Девсбуру – Хол за вкупни 5:1. Супер интересно е во Фиренца каде Бетис имаше водство со голот на Ентони, за да домашните направија пресврт за 2:1 или за вкупни 3:3.

ПретходноТаткото на Флоријан Вирц го спречи трансферот во Реал и Сити
СледноЗдравко Мамиќ го презема ФК Сараево?