Оклахома го демолираше Денвер, Њујорк и вторпат го шокираше Бостон на гости (ВИДЕО)

194

Кошаркарите на Оклахома Сити Тандер славеа над Денвер Нагетс со 149:106 во вториот натпревар од полуфиналето на Западната конференција. Откако Денвер славеа на мечот број еден во Оклахома и ги шокираа домашните пред своите навивачи, следеше вистинска одмазда на тимот на Тандер. Во вториот натпревар, Оклахома се одмазди и целосно го демолира тимот од Колорадо.

Домашните го имаа најдоброто полувреме во историјата на плеј-офот со 87 поени за 24 минути, а на крајот од третата четвртина веќе имаа 124 поени и предност од речиси 50 поени! На крајот, 43 разлика за Тандер, а можеше да биде многу поубедливо.

Оклахома постигна 149 поени што е рекорд во франшизата, во сезона кога имаа 68 победи по 82 натпревари, што беше и тимски рекорд. Главниот кандидат за МВП, Шеј Гилџес-Александер постигна 34 поени со 8 асистенции, Џејлен Вилијамс додаде 17 поени и седум асистенции, а Чет Холмгрен имаше 15 поени.ж

Најефикасен играч во тимот на Денвер беше Расел Вестбрук со 19 поени, додека српскиот репрезентативец Никола Јокиќ запиша 17 поени, осум скока и шест асистенции.

Њујорк поведе со 2-0 против Бостон во полуфиналето од плејофот на Источната конференција, откако за поен славеше на гостински терен со 91-90 и тотално го шокираше шампионот.

Најефикасен играч за Њујорк беше Џош Харт со 23 поени. Карл-Ентони Таунс постигна 21 поен и 17 скока, а Џејлен Брансон додаде 17 поени и седум асистенции. Во тимот на Бостон, најефикасни играчи со по 20 поени беа Џејлен Браун и Дерик Вајт. Следниот натпревар од серијата е закажан за сабота во Њујорк.

ПретходноЛШ: Арсенал промашуваше, ПСЖ закажа финале со Интер на 31 мај на „Алианц Арена“ (ВИДЕО)
СледноНе може да се помири со елиминацијата: Арсенал беше најдобриот тим во ЛШ оваа сезона!