Познати полуфиналните двојки во плеј-офот во Втората лига

101

Само два натпревари беа потребни за да се формираат полуфиналните двојки во доигрувањето за пополнување на Првата лига.

Екипите кои имаа подобра стартна позиција пред „баражот“ ја оправдаат фаворитската улога. Исклучок од ова „правило“ направи екипата на МЗТ Скопје Уни Банка која бепше подобра од струшки Црн Дрим. Славеше и на домашен терен младиот состав од Аеродром (77:65), па во пилуфиналеот ќе го предизвика топ-носителот – Маџари.

Во оваа прва елиминациска фаза, Маџари без проблеми стигна и до вториот поен во серијалот со Охрид. Во салата „Билјанини извори“ беа уште поубедливи (97:67), избраниците на тренерот Миодраг Тодоровиќ.

Втората полуфинална двојка ќе ја сочинуваат екипите на Ангели, кој победи и во Велес против Борец баскет (83:64), и Соколи 1933 кои во драматична завршница победија на гостувањето во Бутел со минимални (70:69).

ВТОРА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ

Охрид – Маџари  67:97 (0-2)

Борец баскет – Ангели 64:83 (0-2)

Бутел – Соколи 1933      69:70 (0-2)

МЗТ Скопје Уни Банка – Црн Дрим 77:65 (0-2)

ПОЛУФИНАЛЕ – ДВОЈКИ

Маџари – МЗТ Скопје Уни банка

Ангели – Соколи 1933

ПретходноИџе викендов во Брага ќе вози на Рампа да Фалпера
СледноВлаховиќ оди на продажба и за половина цена