Супер Антони со супер гол и асистенција го однесе Бетис во финалето во Лигата на Конференции!

131

Фиорентина – Бетис 2:2 по продолженијата е епилогот од вечерашниот реванш меч од полуфиналето во Лигата на Конференции, а тоа значи дека тимот од Севиља се пласира во големото финале во Вроцлав на 28 мај и тоа против Челзи. Значи ќе гледаме шпанско – англиски дуел во големото финале.

Супер интересно беше вечерва на „Артемио Франки“ во Фиренца. Прво во 30.минута Антони беше стрелец на супер гол за водство од 0:1.

Следуваше жесток удар на Фиорентина и тоа преку Госенс со два гола за пресврт од 2:1. Ако се знае дека со тој резултат Бетис славеше дома на првиот меч, овој вечерашен натпревар отиде во продолженија а таму Антони во 97.минута прекрасно му асистираше на Езалзуоли за израмнување на 2:2 и за обезбедување „виза“ во Вроцлав на мегдан со Челзи.

Ова е прво европско финале за Бетис во својата 117 годишна клупска историја.

ПретходноЛига Конференции-полуфинале: Челзи стави “печат“ на финалето, во Фиренца ќе се играат продолженија
СледноМинесота израмни во дуелот со Голден Стејт (ВИДЕО)