Ако сака АБА, МЗТ ќе мора да го „одврзе ќесето“

116

На денешното Собрание на регионалното кошаркарско натпреварување, популарната АБА лига беше одлучено дека оваа конкуренција да биде пополнета со екипи кои ќе добијат специјални валјд карти за настап.

Во моментов АБА 1 лигата бпри 16 учесници, а сега е веќе јасно дека од следната сезона се планираат плус четири клуба кои ќе бидат вметнати со гореспоменатите специјални покани. Сепак, истите нема да бидат бесплатни, напротив ќе чинат позамашна сума која што заинтересираните ќе мора да ја платат.

АБА членство ќе чини 200.000 евра

Според она што е познато во моментов, сите заинтересирани потенцијални нови членови на АБА 1 лигата ќе мора своето учевство да го платат со 200.000 евра. Истите ќе мора најдоцна до 22. март да го пријават своето учевство и нормално да ја обезбедат бараната сума.

Нормално, во целата оваа приказна има само еден заинтересиран во моментов од наша страна, а тоа секако е тимот на МЗТ Скопје Аеродром. Во моментов „Штрковите“ дали се подготвени за ваков финансиски сериозен потег останува да видиме, затоа што почетната сума од 200.000 евра ќе биде неколкупати надмашена со сума која што ќе биде потребна за да се направи тим кој што ќе биде конкурентен за ова натпреварување во кое има сериозно квалитетни екипи.

 

 

ПретходноСудии за ПМФЛ: Бењамин Ќерими ќе го суди “соседското дерби“ меѓу Работнички и Вардар
СледноТРЕНЕР НА КОЛОТО: Јетон Беќири (Шкендија)