Националната Арена Тодор Проески е ставена во ТОП десет стадионите во овој дел од Европа, односно на Балканот.
Во рангирањето на најдобрите објекти од овој калибар нашиот најголем стадион котира сосема солидно, а со голед на неговата старост во споредба со останатите може да се пофали и со одлична одржаност.
Сепак, во првите неколку места спаѓаат на пример, Опус Арената во Осијек, Хрватска, а следува ОПАП Арената, која што е дом на АЕК Атина.
Караискакис стадионот на Олимпијакос исто така се вбројува во најдобрите, како и Арена Национала во Букурешт.
Ар Албанија во Тирана не може да се избегне, како еден од најновите и најубавите стадиони во регионот, а и стадионот во Крајова, Романија, е вистинска убавица.