Во Париз настана хаос по пласманот на ПСЖ во финалето на ЛШ (ВИДЕО)

110

Тимот на ПСЖ е финалист во овогодинешната Лига на Шампиони. Синоќ, тимот од Париз во реванш дуелот со Арсенал успеа да слави со 2:1 и на тој начин да си обезбеди финале против Интер на 31. мај.

По мечот низ улиците на Париз настана вистински хаос во славјето на навивачите на ПСЖ кои дел славеа прописно, а дел направија поголеми или помали инциденти.

На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како автомобил удира еден од навивачите на ПСЖ.

Автомобилот се втурнал во навивачите, при што неколку лица се повредени, иако околностите сѐ уште не се разјаснети.

 

ПретходноЛуис Енрике: Беше тешко, но успеавме
СледноСтатутот на ФФМ децидно вели: За договарање исход на натпревар следи суспензија од минимум шест месеци