Лига Европа-полуфинале: Јунајтед и Тотенхем си закажаа финале на “Сан Мамеш“, дури шест екипи од Премиерлигата ќе има во ЛШ!

95

Познати се финалистите во Лигата на Европа. Очекувано тоа се екипите на Манчестер Јунајтед и Тотенхем ако се знае со каква предност од првите мечеви влегоа во вечерашните реванши.

Манчестер Јунајтед на “Олд Трафорд“ славеше со 4:1 против Билбао, иако гостите со прекрсниот гол на Јаурегизар поведоа со 0:1. Следуваа головите на Маунт два, Каземиро и Хојлунд и уште еднаш Маунт за целосен пресврт и за убедлива победа од 4:1 или севкупно 7:1.

Тотенхем на гости успеа да го победи Бодо/Глимт со 0:2 и со вкупно 1:5 стави „печат“ на финалето. Тимот од Лондон со головите на Соланке и Поро не дозволи никакви сензации во Норвешка.

Финалето ќе се одигра на 21 мај на “Сан Мамеш“ во Билбао.

Ова значи дека дури шест екипи од Премиерлигата следната сезона ќе играат во Лигата на Шампионите ако се знае дека победникот во ЛЕ ќе обезбеди директен пласман во ЛШ.

МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД – БИЛБАО 4:1
(Маунт 72., Каземиро 80., Хојлунд 85./Јаурегизар 31.)

БОДО/ГЛИМТ – ТОТЕНХЕМ 0:2

(/Соланке 63., Поро 70.)

ПретходноДоколку продолжи 46-годишната традиција, ПСЖ ќе ја освои Лигата на шампионите
СледноЛига Конференции-полуфинале: Челзи стави “печат“ на финалето, во Фиренца ќе се играат продолженија